Нашата најдобра фудбласка селекција одигра одличен натпревар против северниот сосед Србија,кој заврши со резултат 1-1 на градскиот стадион во Скопје!
Први во водство дојдоа гостите со прерасниот погодок на Данко Лазович во 43та минута.
Во 58та минута 1-1. Македонија на огромна радост на публиката го израмнува резултатот. По еден центаршут на Лазаревски, Новевски го искористи киксот на одбраната на Србија на чело со резервниот голман Кахриман и го израмни резултатот.
Сосема сум задоволен од овој резултат со оглед на рејтингот кој го има репрезентацијата на Србија.Уште повеќе ме радува фактот дека сме 4 натпревари без пораз на нашиот фудбалски храм.Само вака да продолжиме,со добри игри и резултати па може и ќе си ја затнат устата колегите од Македонски спорт кои не штедат критики за нашиот досега најуспешен селектор Среќко Катанец.