КАЖИ НЕШТО ФОРУМ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


СЕ ОНА ШТО НЕ ИНТЕРЕСИРА И ВЕ ИНТЕРЕСИРА
 
HomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлезМАК Преводи

 

 Протест за името

Go down 
АвторПорака
LOGAN
Поручник
Поручник
LOGAN


Број на мислења : 30
Registration date : 2008-01-13

Протест за името Empty
ПишувањеПредмет: Протест за името   Протест за името EmptyПон Фед 18, 2008 10:54 am

МИРЕН ПРОТЕСТ НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА, ВТОРНИК, 18:00 ч, ПРОТИВ МЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМА НА МАКЕДОНИЈА



Браќа и сестри МАКЕДОНЦИ....

Дозволете да ве прашам: Дали воведот визвучи сомнително? Самите знаете дека сме во момент на донесување на важна одлука околу иднината на НАШАТА МАКЕДОНИЈА знајте дека содржината која ќе следи подолу, не е завиена во рамките на ниту една партиска етничка и религиска идеологија!!! Пораката што сакаме да ја пренесеме до вас гласи:

Во пресрет на обелоденувањето на најновиот предлог околу спорот со името на медијаторот Метју Нимиц во преговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција, ние, група на граѓани претставувани преку невладината организација “Младите знаат”, во вторник ќе организираме мирен протест со кој сакаме да го искажеме нашиот цврстстав како граѓани на Република Македонија, дека НЕ прифаќаме никаквапромена на уставното име на нашата Република Македонија.

Со таа цел, ќе организираме мирен протест на плоштадот Македонија во Скопје, во вторник од 18:00 до 20:00 часот кој има за цел да ја покаже силнатаволјана македонските граѓани кога станува збор за неповредливоста и неменливоста на уставното име на нашата земја.

Македонци, без оглед на вашата вероисповед, националност или политичка определба, време е да се соединиме за да го одбранеме она што ни е свето, на сите нас - идентитетот на нашиот народ, името на нашата земја, Република Македонија.

Дојдете на плоштадот кој го носи името на нашата единствена земја, и покажете дека сте достојни за да се декларирате како државјани на Република Македонија.

Во никој случајне станува збор а минирање на нашиот пат кон НАТО и ЕУ на нашата земја во овие тешки времиња. Напротив, со ова сакаме да дадеме поддршка на сите кои сакаат нашата земја да го добие заслуженото место и привилегиите кои ги носи членството во овие организации, но никако по цена на менување на нашето уставно име. Никако по цена на рушење на нашиот национален идентитет. Да бидеме свесни декастанува збор за единственото нешто кое живеело илјадници години пред нас, и ќе живее илјадници години после нас - доколку имаме храброст да кажеме дека ИМЕТО на нашата земја било, Е и ќе биде МАКЕДОНИЈА.

Не, не станува збор за некаква модерна интерпретација на делата на Александар, Самоил и Гоце - тие си го направија своето - СЕГА, нам ни е редот да покажеме дека знаеме што значи името МАКЕДОНИЈА и дека сме достојни да го одбраниме она за што се бореле, и повеќе - дека знаеме колку го сакаме и дека сме најодлучни и едногласни против секаква промена на истото.

Ајде да покажеме дека сме подготвени да се бориме за вечноста на името на нашата татковина! Дојдете сите на плоштадот Македонија во Скопје, во вторник 18:00.

Сметаме дека нема потреба од додатни драматизирања на текстот кој ја образложува идејата која треба да не обединува сите! Затоа, за крај ќе кажеме: Нема време за калкулирање. За иднината одлучуваме НИЕ, сега и овде. Сите заедно, сите за неа...ЗА МАКЕДОНИЈА !!!

Да живее Македонија!
Вратете се на почетокот Go down
 
Протест за името
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
КАЖИ НЕШТО ФОРУМ :: ШТО ГИ ИНТЕРЕСИРА МЛАДИТЕ :: Генерална Дискусија-
Отиди до: