КАЖИ НЕШТО ФОРУМ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


СЕ ОНА ШТО НЕ ИНТЕРЕСИРА И ВЕ ИНТЕРЕСИРА
 
HomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлезМАК Преводи

 

 Македонија

Go down 
АвторПорака
fiasko
Администратор
Администратор
fiasko


Број на мислења : 114
Age : 39
Местолокација : skopje
Registration date : 2008-01-11

Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Македонија   Македонија EmptyСре Апр 09, 2008 12:21 pm

Поздрав до сите Македонци, членови и посетители

* Македонија на Македонците
* Македонија е вечна
* Обединета Македонија - Вардар, Егеј, Пирин, Мала Преспа, Голо Брдо
* Да живее Македонија!!!

Македонија 180px-11
Вратете се на почетокот Go down
https://kazinesto.macedonianforum.net
fiasko
Администратор
Администратор
fiasko


Број на мислења : 114
Age : 39
Местолокација : skopje
Registration date : 2008-01-11

Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија   Македонија EmptyСре Апр 09, 2008 12:25 pm

Потеклото на античките Македонци

Античките историчари, кои живееле во времето кога суштествувале античките Македонци трврдат дека античкиот македонски народ потекнува од Пелазгите, најстариот домороден народ во Македонија и јужен Балкан. Gnaeus Pompeius Trogus - Трог Помпеј еден од најголемите експерти по античомакедонска историја, а и самиот тој живеел во времето кога античките Македонци биле поробени од Римјаните, вели “Македонците се од пелазгиски производ“ (Justin. VII, 1, 3). Најголемиот античкоелински географ Страбос- Στράβων (63/64 г.п.н.е. – 24 г.н.е), пишува дека Тесалија (земја помеѓу античка Македонија и Елада) е населена со Пелазги и тоа во првиот век од нашата ера (Страбо, стр. 221, 4 ред). Значи, античките Македонци се граничеле на југ не со Елини (грци), туку со Пелазги- свои сонародници и пред 2000 години, после пропаста на Елада и Македонија. Херодот, античко-елински историчар пак пишува дека порано и цела Елада (Грција) била населена со Пелазги, но со доаѓањето на Елините во Атика (Пелопонез), Пелазгите били асимилирани во тој дел на Балканот, но се` уште постоеле живи Пелазги (Херодот I, 57-58), кои гледаме ги населувале Тесалија и Македонија. Во Елада сепак останале нехеленизирани Пелазги до доаѓањето на Римјаните и пропаста на Елада, а тоа биле Акаранците и Етолците. И во првиот век од нашата ера, античко-римскиот историчар Тит Ливиј запишува дека Етолците, Акаранците и Македонците си го зачувале пелазгиот јазик и говорат еден ист јазик: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Titus Livius, книга XXX, стр. 29).


За античките Македонци постојат три етногенетички хипотези поставени од пројугословенските историчари во Македонија. Археолозите Никола Шелдаров и Виктор Лилчиќ, во нивната стручна книга "Кралевите на античка Македонија и нивните монети", даваат преглед на различните експертизи околу етничката природа на Палео-Македонците. Едната гласи дека се старогрчко племе, другата дека се припадници на тракиjскатта и илирската племенски заедници, и трета дека се нешто сосема посебно, некаков одделен етносупстрат составен од разни народи Пејонци, Пелагонци и Бриги. Првите две објаснувања кај нас се отфрлаат. Целокупната научна и мисловна енергија се насочува кон третата теза, со намера да се докаже дека сме посебен и прастар етникум. Еден од ретките научни умови што мисли поинаку е Битолчанката акад. Фанула Папазоглу. Во своето еминентно дело "Среднобалкански племиња", таа уште во уводот ќе напише дека реката Вардар е допирна точка на три големи етногрупации: на запад Илири, на исток Траки и на југ Хелени. Место за некој четврти етнитет кај оваа европски позната научничка - нема! Нашиот познат професор Иван Микулчиќ застапува теза дека античките Македонци се производ на мешање на старогрчкото племе Дорјани, кои во 12 и 13 век п.н.е. се доселиле од Централна Европа во областа Епир (помеѓу денешна Грција и Албанија) и староседелците Пелазги - Трачко племе. Но, ваквите хипотези за некакво елинско потекло на античките Македонци, целосно ги негираат античките елински и римски историчари и хроничари. Демостен, Атињанин кој два пати ги предводел обединетите Елини во воените походи против Македонците за македонскиот крал Филип Втори Македонски тврди:“...не само што не е грк, ниту пак е поврзан со грците…” (Демостен, Филипика III). Според античките автори, Македонците и Елините не само што не биле ист народ, туку припаѓале и на различни раси, па сите опишуваат Елинска и Македонска Раса (види кај Ариан, Грчки Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 / Diodorus Siculus 18.37.3-4.). Истaтата поделба на македонска и елинска раса ја среќаваме и кај римските историчари (Titus Livius книга XXXI, стр. 44)


преземено од wikipedia
Вратете се на почетокот Go down
https://kazinesto.macedonianforum.net
fiasko
Администратор
Администратор
fiasko


Број на мислења : 114
Age : 39
Местолокација : skopje
Registration date : 2008-01-11

Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија   Македонија EmptyСре Апр 09, 2008 12:26 pm

Најстариот пронајден скелет на човек на територијата на Македонија е пронајден на локалитетот Камени Гумна (Петралона), и се смета дека човечкиот скелет е стар 160000 години. На територијата на Македонија жители се забележуваат уште од старото камено време (Палеолитот) односно на повеќе места се пронајдени пештерски живеалишта што сведочат дека во Македонија живееле луѓе уште 2000 години пред нашата ера. Голем подем областа Македонија добива во времето на Античко македонското царство кое е создадено од страна на првиот македонски цар, Каран во 808 г.п.н.е. (според некои извори 825 г.п.н.е.),а најголем подем доживеало во периодот на владеењето на Александар Македонски и неговиот татко Филип II Македонски. Античко македонското царство претставува прва државна организација создадена на територијата на Македонија. Појавата на христијанството, Македонија ја дочекува под римска власт. Од овој период е значајно што Македонија е една од првите земји во Европа која го примила христијанството преку првата покрстена Македонка Лидија. Христијанството во Македонија го ширел апостолот Павле, кој според Библијата на сон бил повикан во Македонија од еден човек Македонец, каде што светиот апостол Павле ги формирал и првите христијански општини на европскиот континент. По поделбата на римското царство Македонија подолг период ќе биде под власта на Византија. Големи етнички промени во Македонија ќе настанат со доселувањето на Словените во текот на V и VI век, чии главни карактеристики се главно обележје на Македонија до денес. Кон крајот на IX век солунските браќа Кирил и Методиј во Македонија ќе ја состават првата словенска азбука - глаголица на основа на говорот во Солунско, со цел да се овозможи богослужба на словенски јазик во црковните храмови посетувани од Словените. Глаголската традиција ќе биде негувана од страна на нивните ученици Климент Охридски и Наум Охридски во словенскиот „универзитет“ од Охрид. По смртта на Климент Охридски глаголицата ќе биде потисната од кирилицата - поедноставно писмо создадено врз основа на грчкиот алфабет. Кон крајот на X век на територијата на Македонија царот Самуил ќе го устоличи своето големо словенско царство кое ќе опфаќа големи делови од Балканот, а наскоро по Беласичката битка во 1014 година, ќе биде уништено од Византија. Во текот на средниот век Македонија неколку пати ќе влезе во составот на средновековните српски и бугарски царства. Во 1392 година Македонија е заземена од Турците османлии и станува дел од Отоманската империја во која ќе остане се до 1912 година. Периодот под турската власт, ќе биде во постојана борба на македонскиот народ за национална и социјална слобода. Во периодот на османското владеење во Македонија ќе се случат следните буни и востанија: Мариовско-прилепска буна (1864/65), Карпошево востание (1689), Негушко востание (1828), Разловечко востание (1876), Халкидичко востание (1854), Македонско (Кресненско) востание (1878) и најголемото македонско востание Илинденското востание подигнато во 1903 година. По двете Балкански војни, на Букурешкиот мировен договор во 1913 година Македонија ќе биде поделена на три поголеми делови кои ќе бидат доделени на Србија, Бугарија и Грција. По втората светска војна со првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински ќе биде прогласена НР Македонија (подоцна СР Македонија) како национална држава на Македонскиот народ на терторијата на Вардарска Македонија (делот под окупација на Србија) како република на СФРЈ. Конечно на 8 септември 1991 година се прогласува самостојна, независна, суверена Република Македонија на територијата на Вардарска Македонија преку отцепување од СФРЈ.
Вратете се на почетокот Go down
https://kazinesto.macedonianforum.net
Sponsored content





Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Македонија   Македонија Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
КАЖИ НЕШТО ФОРУМ :: ШТО ГИ ИНТЕРЕСИРА МЛАДИТЕ :: Генерална Дискусија-
Отиди до: