На 26. Мај со Полска
Фудбалската Федерација на Полска денеска со факс потврди дека на 26. Мај Полска и Македонија ќе одиграат пријателски натпревар кој се реализира на понуда на полската федерација.
Натпреварот ќе се одигра во Германија, а како што се вели во факсот местото и терминот дополнително ќе бидат потврдени.
Да потсетиме дека досега Македонија и Полска имаат одиграно само еден натпревар и тоа пријателски на „Трофеј Марјан“ кој заврши со победа од 3-0 за полјаците.