УЕФА го избра тимот за 2007 година
Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска го избра најдобриот тим во 2007 година, во кој Милан е најзастапен со тројца фудбалери-Кларенс Сидорф, Кака и Алесандро Неста.
Во изборот на евриоскиот „тим од соништата“ за 2007 година, што се спроведе преку официјалниот сајт на УЕФА, учествуваа 277.985 гласачи.
Во европскиот тим за 2007 година со гласовите на фановите влегоа:
Голман: Икер Касиљас (Реал Мадрид)
Одбрана: Даниел Алвес (Севилја), Алесандро Неста (Милан), Џон Тери (Челзи), и Ерик Абидал (Барселона)
Среден ред: Стивен Жерад (Ливерпул), Кларенс Сидорф (Милан), Кака (Милан) и Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед)
Напад: Златан Ибрахимовиќ (Интер) и Дидие Дрогба (Челзи)
Тренер: сер Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед).