Нов гол на Пандев
Нашиот репрезентативец Горан Пандев повторно се запиша во листата на стрелците во дресот на Лацио. Беше стрелец на првиот гол на гостувањето против Наполи.
Дуелот заврши без победник 2:2, а Пандев погодокот го постигна во 30. минута за водство на Лацио од 2:1.
Поведе Наполи со голот на Хамсик во четвртата минута. Израмни Ледезма во 25, а конечниот резултат на средбата го постави Хамсик во последните моменти од натпреварот.