Малку подолги нозе се секси
Луѓето со малку подолги нозе се прифаќаат како поатрактивни од двата пола, велат најновите истражувања.
Ова е докажано така што и на мажите и на жените им се покажани слики од луѓе чии нозе биле компјутерски продолжени за 5%. И двата пола ги избрале како атрактивни токму тие луѓе.
Но, екстремно долгите нозе не поминале добро. Нозете компјутерски продолжени за 15%, на испитаниците им биле поодбивни дури и од обичните, нормални нозе.
Луѓето претпочитале мала интервенција на сликите, но не сакале кога тоа оди во екстрема. Оригиналните нозе им биле еднакво привлечни како и нозете продолжени за 10%. Истражувачите компјутерски им ги обработиле нозете на фотографиите на седум мажи, и седум од жени.
Крајниот резултат им бил покажан на 218 волонтери од двата пола.
“Долгите нозе се сигнал на здравје” – вели доктор Богослав Павловски, кој го предводел ова истражување. Тој додава дека ова не е случај само во одредена заедница, да речеме само во Полска, туку на секаде во светот. Веќе постои студија зошто подолгите нозе се врзуваат со подобро здравје. Неодамна, една студија во Велика Британија докажа дека луѓето со кратки нозе имаат поголем ризик да заболат од болест на црниот дроб.
Доктор Џорџ Филдман, главен предавач по психологија на Buckinghamshire New University, вели дека можеби нозете не се првото што партнерот го гледа кај својата симпатија, но сепак оние со малку подолги нозе се сметаат за поатрактивни. Ама тоа не се однесува на оние со многу подолги нозе, тие на луѓето им изгледаат чудно и непропорционално.