КАЖИ НЕШТО ФОРУМ
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


СЕ ОНА ШТО НЕ ИНТЕРЕСИРА И ВЕ ИНТЕРЕСИРА
 
HomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлезМАК Преводи

 

 Nesto za LSD

Go down 
АвторПорака
dzoc
Администратор
Администратор
dzoc


Број на мислења : 60
Age : 39
Местолокација : Karpos4
Registration date : 2008-01-11

Nesto za LSD Empty
ПишувањеПредмет: Nesto za LSD   Nesto za LSD EmptyЧет Апр 17, 2008 11:48 am

ЛСД: Моето проблематично дете

Д-р Алберт Хофман (Albert Hofmann) е познат по откривањето на ЛСД (лисергична или лисергинска? диетил амидна киселина - (ЛСД) (LSD) Lysergic acid diethylamide, наречен и LSD-25) C20H25N3O

Роден е на 11.01.1906 г. во Баден, Швајцарија. Денес има 102 години. Автор е на повеќе од сто научни трудови, неколку книги, меѓу кои и LSD: My Problem Child (ЛСД: Моето проблематично дете).



Дури по пет години по откривањето на веќе подзаборавениот ЛСД, Хофман случајно ги открил неговите психоделични својства откако мала количина му се впила во кожата на прстите. Тоа се случило на 16.04.1943 г. Три дена подоцна, на 19.04.1943 г., Хофман намерно се тестирал себе си со 250 микрограми и го искусил силното дејство на ЛСД. По тестирањето тој се упатил кон својот дом возејќи велосипед и тогаш почнал да ги чувствува чудните ефекти на ЛСД. Овој ден подоцна почнал да се нарекува "Ден на велосипед" (Bicycle Day). Понатамошни тестирања биле изведени од страна на Хофман и неговите колеги, а по три дена настанале и првите пишани документи за настанов.

ЛСД е полусинтетичка психоделична дрога од фамилијата триптамини. Се синтетизира од лисергинската киселина добиена од лушпа на 'рж ?
Во чиста форма е безбоен, без мирис со слабо горчлив вкус. Трае со години ако е заштитен од светлина и влага и чуван на ниска температура. Pеагира со кислород, хлор, ултравиолетова светлина, особено во раствор.
Се употребува орално, во форма на коцка шеќер на попивателна хартија или пак во форма на желатин. Може да се внесе и интравенозно. Дозата е од 20-30 микрограми.
Произведен е од лабораториите Сандоз и е опишан како дрога наменета за употребување во психијатријата, на почетокот се покажало дека ветува при лечењето на тешки психолошки пореметувања, па почнала негова употреба под строг надзор во некои психијатриски установи.
Како што се појавувал во јавноста, така почнала и неговата злоупотреба, па набрзо е забранет за користење во било какви цели; медицински, рекреативни и спиритуални.
Сепак, некои интелектуални кругови и некои институции од светски ранг ја пропагираат оваа дрога.

Д-р Алберт Хофман случајно ја открил оваа дрога, како и нејзиното дејство. Тој работел на истражување на потенцијална корист од Ергот алкалоидот за медицински цели. Психоделичните својства на ЛСД ги увидел дури по 5 години од пронаоѓањето кога се навратил на ова истражување следејќи ја својата интуиција. Возејќи не на својот велосипед тој осетил чудни ефекти, тие по некое време кулминирале, а дури по приближно 6 часа почнал да се "враќа во нормала".

Се до 1966 г. ЛСД бил бесплатно дистрибуиран на заинтересираните научници под името Delysid. Психијатрите го употребивале во анализирањето на шизофренијата, други испитувања биле вршени во психоделичната терапија, а резултатите воглавно биле позитивни.
На друг план во интеракцијата со ЛСД се истакнал и Aldous Huxley, писател кој го промовирал ЛСД како силно средство за ментално истражување и самоспознавање.
Ефектите од земањето ЛСД вообичаено траат 8-16 часа, а првите знаци се видливи 30-60 минути по внесувањето. Скоро воопшто не создава психолошка зависност, а физичка не постои воопшто.
Ако е ЛСД подметнат на некоја личност, скоро секогаш таа ќе има "лош трип". Важно е за конзументот да знае што се случува. Битен е ставот на личноста кон себе и светот. Земан правилно, ЛСД не предизвикува негативни искуства, дури и спореден со алкохол, никотин и седативи, тој е неспоредливо помалку штетен.

Хофман станал директор на одделот за природни продукти во Сандоз лабораториите. Продолжил со истражување на халуциногените состојки кои се содржат во одреден вид печурки од Мексико, како и во други растенија користени од Абориџините. Тоа довело до синтеза на псилоцибинот, главна состојка на магичните печурки. Хофман се заинтересирал за семето на мексиканското растение Rivea corymbosa, кое домородното население го нарекувало Ololiuhqui, чија главна состојка била слична со ЛСД.

Хофман го смета ЛСД за "лек за душата" и се спротивставува на забраната која оваа дрога ја "фрлила" во подземјето. Тој вели: "Успешно е користен во психоанализата 10 години", па додаве и дека "дрогата е "киднапирана" од страна на движењето ма младите во 1960-тите години и оттогаш неправедно е осудена од установите против кои било насочено тоа движење, па на некој начин, ЛСД се нашол во погрешно време, на погрешно место".

Заклучокот на Хофман е дека ЛСД е опасен ако се најде во погрешни раце.
Слично заклучил и д-р Тимоти Лири (dr.Timothy Leary): "не е за секого".
Воп декември 2007 г., медицинските структури во Швајцарија дозволиле психотерапевтите експериментално да применат ЛСД на пациенти заболени од рак во одминат стадиум, како и од други неизлечиви болести. Ова е прва студија за ефектите на ЛСД врз луѓе после 35 години. Хофман се залага за продолжување на овие истражувања. Тој верува во терапевтските придобивки од ЛСД (неговото "проблематично дете"), наспроти ексцесите во шеесеттите години.

Хофман е чест учесник на меѓународни симпозиуми и конгреси. Последно зборувал на World Psychedelic Forum одржан од 21 до 24.03.2005 г.


Псилоцибинските печурки, наречени уште и магични, ги содржат во себе психоактивните соединенија псилоцин и псилоцибин. Се сметаат за психоделични дроги. Нивната употреба се забранети со "Конвенсијата за психотропни супстанции" на Обединетите нации од 1971 г. Во понекои европски земји одгледувањето, поседувањето и употребата на истите е легална.
Некои од овие печурки имаат богата историја на употреба во Средна и Јужна Америка, кадешто биле користени во обредите на шаманите, во религиозни или медицински цели.
Ацтеките ги нарекувале "печурки на боговите".

Д-р Тимоти Лири, професор на Харвард универзитетот, се заинтересирал за печуркиве и заминал во Мексико за да ги проба. По враќањето започнал проект со кој ги истражувал психолошките и спиритуалните ефекти на псилоцибинот на доброволци од своите студенти. Добил отказ.

Денес овие печурки може легално да се купат во Холандија во специјализирани продавници.
Најпозната е Psilocybe Cubensis, слаба доза е од 1-2,5 грама сушени печурки, средна доза е 3,5 грама, а јака е од 5-7 грама, кога конзументот ја губи врската со реалноста. Ефектот трае од 2-7 часа зависно од личноста. Субјективното чувство може да вклучи еуфорија, чувство на спознание или новооткриена вистина, поврзаност со светот и природата, зголемена креативност и инспирација, неконтролирано смеење, длабока интроспекција, невербална поврзаност со околината... Во големи количини личноста може да доживее потполна отсеченост од реалноста и губење на сопственото его.
Во случај на "лош трип", личноста може да доживее и негативно чувства како параноја, страв и анксиозност.
Голем број луѓе кои само еднаш пробале псилоцибински печурки тврдат дека тоа искуство им го сменило погледот на животот.
Физичките ефекти вклучуваат проширени зеници на очите, чувство на умор и здрваност на телото, блага мачнина непосредно по конзумирањето, студенило во екстремитетите, ждригање и гасови. Можна е и главоболка која трае до еден ден.
Телото создава голема толеранција против псилоцибин такашто повторното конзумирање е со многу послаб ефект. Затоа се чека 4-7 дена за повторно внесување.
Псилоцибинот и псилоцинот се помалку токсични од аспиринот. Дезинформација е дека тие го оштетуваат мозокот.
Најголема опасност за личноста која е под влијание на овие дроги е самата личност. Поради непредвидливото однесување на оној кој е под влијание на овие дроги, препорачливо е барем првиот пат покрај оној кој ги конзумира да биде уште една личност, поискусна на ова поле.
Стереотипот на "скокање низ прозор" на личностите под дејство на псилоцибин настанал поради повредите што ги здобивале уживатели на оваа дрога, но кога е внесено во крвта уште некое средство, на пример алкохол или друга психоактивна супстанција.
Магичните печурки не се препорачливи за конзумирање од страна на личности со генетски предиспозиции кон шизофренија бидејќи опишаните искуства би можеле да ја поттикнат болеста да се развие.
Последици од земањето на оваа дрога може да бидат "флешбекови", односно личноста да доживее искуство како да е под влијание на дрогата, а всушност не е.
Друго пореметување е кога во видното поле на личноста се појавуваат халуцинации кои биле доживеани под дејство на дрогата.
Некои луѓе ова го сметаа за придобивка, а не за пореметување.

Од овој вид дрога не се создава ниту физичка, ниту психолошка зависност.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.myspace.com/dzoc
 
Nesto za LSD
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
КАЖИ НЕШТО ФОРУМ :: ШТО ГИ ИНТЕРЕСИРА МЛАДИТЕ :: Генерална Дискусија-
Отиди до: